Од утре започнува Ф-4 турнирот во Сеха Регионалната лига. На завршниот турнир во Вараждин ќе учествуваат четири екипи, од четири различни земји. Вардар (Македонија) Загреб (Хрватска) Веспрем (Унгарија) Мешков Брест (Белорусија) Три од овие четири екипи ќе играат во 1/4 финалето од ЛШ што говори за какво натпреварување станува збор.
Во полуфиналето, утре нашиот РК Вардар од 20 часот и 30 минути ќе го одигра дуелот против шампионот на Хрватска и учесник во 1/4 финалето од ЛШ тимот на Загреб. Овој натпревар ќе оди низ директен пренос на МРТ -1. Во втората пресметка шампионот на Унгарија и противникот на Вардар во 1/4 финалето од ЛШ, ќе игра против Мешков Брест. Се надеваме на два одлични натпревари за Вардар во Вараждин.