Вчера продолжија натпреварите во ракометната Јуниор лига. Во големата сала се одиграа натпревари во машка конкуренција. Победи за РК Урдаревски и РК Кале во генерацијата родени 2002/03 година.
РК Урдаревски сосема заслужено победи во дуелот со екипата на ОПШ.Кисела Вода откако во текот на целиот натпревар имаше водство. Кисела вода не успеаа ниту еднаш да дојде до предност. Веќе по пет минути игра РК Урдаревски имаше предност од 5:2. Сепак како одминуваше првото полувреме Кисела Вода се доближуваше до нивното водство, успевајќи да намали на 7:6. До крајот на првото полувреме Урдаревски го зачува водството и на одмор се замина со резултат 9:7.
Во второто полувреме следевме резултатска неизвесност се до оној момент кога беше само два гола предност за Урдаревски 13::11. Од тие моменти победничката екипа успева да направи серија од три последователни гола за највисоки 16:11. До крајот на мечот само го зголемуваа водството за конечни 20:13.
Во истава генерации во конкуренција на момчиња победа оствари и екипата на РК Кале во дуелот со РК Бутел Вардар. Конечниот резултат на овој меч гласеше 21:15. Подобро овој натпревар го отворија Бутел кои имаа почетно водство од 0:2 и 2:4, по што следи голема серија на РК Кале од шест последователни голови за водство од 8:4. Оваа предност ја задржаа до првото полувреме, кога на одмор се замина со водство на Кале од 11:7.
Второто полувреме исто така му припадна на Кале кои го отворија овој дел од играта со два гола за највисоки 13:7. Во еден момент предноста порасна и на седум голови позитива за водство од 16:9. Во еден момент РК Бутел намали и се доближи на четири гола негатива 16:12, сепак немаше многу време за поголем резултатски пресврт.До крајот само рутински успеаа да ја зачуваат оваа предност и да слават победа.