На вчерашниот прв пролетен турнир од “Јуниор“ лигата дел беше и организацијата „Отворени Забавни Фудбалски Школи“, која преку своите активности и содржини, на целиот настан му го даде и неопходниот социолошки карактер. Фудбалерчињата од сите тимови преку разните друштвени игри со фудбалската топка беа потикнати да стекнуваат нови пријателства и тие да градат тимскиот дух.