Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > РК Ново Лисиче и Опш. Кисела Вода подобри во дуелите со РК Кастратовиќ
РК Ново Лисиче и Опш. Кисела Вода подобри во дуелите со РК Кастратовиќ

РК Ново Лисиче и Опш. Кисела Вода подобри во дуелите со РК Кастратовиќ

Вчера во малата сала на спортскиот центар Јане Сандански се одиграа натпревари во ракометната Јуниор лига, кај девојчиња родени генерација 2002/03 година. Победи во ова коло заблежаа екипите на РК Ново Лисиче и РК Опш. Кисела Вода.

РК Ново Лисиче за противник го имаше тимот на РК Кастратовиќ 2002, дуел на кој забележа победа со резултат 11:12. Натпреварот започна со гол за екипата на РК Кастратовиќ, но Ново Лисиче врати со три последователни гола за водство од 1:3. Во следните минути РК Кастратовиќ го израмни резултатот, но Лисиче повторно ја врати предноста за на полувреме да има водство од 5:8.
Во вториот дел Ново Лисиче имаше водство и од 6:10, сепак РК Кастратовиќ не се предаваше успевајќи да се доближи на гол негатива 9:10. Во финишот подобро се снајде Лисиче кој издвојува триумф со резултат 11:12.

РК Кастратовиќ загуби уште еден натпревар против екипата на Опш. Кисела Вода. На натпревар со малку постигнати голови подобра беше Опш. Кисела Вода која славеше со резултат 5:10. РК Кастратовиќ имаше водство од 3:2, на полувреме се замина со нерешени 3:3. При нерешен резултат од 4:4, Кисела Вода прави серија од три последователни погодоци за предност од 4:7. До крајот на натпреварот РК Кастратовиќ постигна само еден гол, што беше недоволно за поволен резултат.