По завршување на Ф-4 во СЕХА се прогласени најдобрите поединци, односно избрана е идеалната седморка. Двајца црвено-црни имаме во најдобрите седум, Алекс Душебаев ја доби награда за одличната игра и е најдобар десен бек, за најдобар среден бек е избран Лука Циндриќ. На црвено-црните ова им беше четврто финале, двапати бевме прваци, а двапати вице-шампиони во регионаланат лига. Годинава во СЕХА идеалниот тим има по два играчи од Загреб, Вардар и Веспрем и еден играч од Мешков. За МВП годинава е избран е Момир Илиќ од Веспрем.
Идеален тим на СЕХА завршниот Ф-4 турнирот е следна :
- Голман – Иван Стевановиќ , ППД Загреб
- Лево крило – Кристијан Угалде , Веспрем
- Лев бек – Момир Илиќ ,Веспрем
- Среден бек – Лука Циндриќ ,Вардар
- Десно крило – Златко Хорват ,ППД Загреб
- Десен бек – Алекс Душебаев ,РК Вардар
- Пикер – Расто Стојковиќ, Б.Мешков