Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Дамјан Трајковски: “Јуниор“ лигата ја гледам како предизвик да станам дел од ракометниот клуб Вардар
Дамјан Трајковски: “Јуниор“ лигата ја гледам како предизвик да станам дел од ракометниот клуб Вардар

Дамјан Трајковски: “Јуниор“ лигата ја гледам како предизвик да станам дел од ракометниот клуб Вардар

Изминатиов период активна е “Вардар Јуниор“ лигата, во која се натпреваруваат ракометните академии кои се дел од клубот. Учествуваат екипи од вкупно 20 различни ракометни школи низ цела Македонија. Ракометниот клуб го следеше примерот од фудбалскиот, каде започна да фунционира слична ваква лига за младите и перспективни дечиња. Целта е да се прошири Вардар лигата низ целата земја и останатите клубови да се приклучат во овој голем проект во кој се вклучени најмладите. Дамјан Трајковски настапува за екипата на РК Илинден-Вардар, во генерација родени 2002/03 година.

-Моите впечатоци за Јуниор Лигата се импресивни. Со оваа лига можам да стекнам нови искуства кој ке ми помогнат за понатамошниот развој како играч. Организација е одлична со добри услови. Јас сум дел од екипата РК Илинден-Вардар. Наш тренер е Дарко Јанев. Од играта и резултатот сум задоволен, брзо напредуваме како тим, но секогаш може и подобро. Оваа лига ја гледам како предизвик и најголема желба ми е да сум играч на РК Вардар, изјави Дамјан Трајковски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски