Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Гоце Насковски: Верувам во мојата екипа и соиграчите, се надеваме дека ќе ја продолжиме добрата серија на победи
Гоце Насковски: Верувам во мојата екипа и соиграчите, се надеваме дека ќе ја продолжиме добрата серија  на победи

Гоце Насковски: Верувам во мојата екипа и соиграчите, се надеваме дека ќе ја продолжиме добрата серија на победи

Во сабота на теренот во населбата Марино ќе се одигра фудбалскиот натпревар, помеѓу кадетите на фубалскиот клуб Вардар и екипата на Шкендија. Ова е дерби меч од 16 првенствено коло и истиот ќе започне од 12 часот. Натпревар помеѓу второпласираната Шкендија и третопласираниот на табелата, екипата на Вардар. Разликата помеѓу овие две генерации е три бода, додека се погусто станува во борбата за врвот, откако лидерот на табелата, екипата на Металург загуби во средата од екипата на Ренова. Така пред одигрување на саботниот меч, екипата на Шкендија е на првото место на табелата. Од тука произлегува и големото значење на овој меч, со евентуален триумф избраниците на Влатко Колев би се израмниле со бројот на освоени бодови со утрешниот противник. Еден од подобрите играчи за кадетите на Вардар во пролетнот дел од сезоната е Гоце Насковски, кој накратко ни ги споделува своите очекувања за саботното дерби.

-Секако моите очекувања за дербито се позитивни. Шансите да победиме се големи, бидејќи играме на домашен терен. Во есенскиот дел може да се каже дека несреќно го загубивме натпреварот во Тетово.  Иако добро ги познаваме нашите соиграчи од Шкендија, сепак знаеме дека ќе биде тежок натпревар. Јас верувам во мојата екипа и соиграчите и се надеваме дека ќе ја продолжиме добрата серија  на победи, останувајќи во борба за титулата, изјави Гоце Насковски.

Звонко Ивановски