Многумина од нас се прашуваа талентираното момче кое некогаш имаше светла иднина Фредерик Нимани по неуспешната мисија во ФК Вардар каде замина да игра фудбал? Фредерик Нимани најде нов ангажман, а тоа е тим од Норвешка, станува збор за Егерсундс кој започнува овој викенд да се натпреварува во третата Норвешка по ранг лига.
Нимани важеше за супер талентирано момче, играше за Монако, па отиде на позајмици во Лориен, Седан па замина во Англија во второлигашот Барнли па потоа замина во Паок, каде постигна и неколку голови, потоа замина во нисколигаш, од каде дојде на проба во ФК Вардар ова зимо во Анталија. Сите се сеќаваме на спектакуларниот гол кој го даде за Вардар со лоб удар на пријателскиот меч, но тоа беше премалку да остане во нашиот Вардар и да ги задоволи вкусовите на стручниот штаб. Сега Нимани почнува нова сезона, па му посакуваме успех и во иднина да најде подобар клуб.