Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинската ракометна репрезентација денес го стартува квалификацискиот турнир за ЕП, прв противник е домаќинот Швајцарија
Младинската ракометна репрезентација денес го стартува квалификацискиот турнир за ЕП, прв противник е домаќинот Швајцарија

Младинската ракометна репрезентација денес го стартува квалификацискиот турнир за ЕП, прв противник е домаќинот Швајцарија

Младинската ракометна репрезентација во наредниве три дена ќе го одигра квалификацискиот турнир во рамките на европкото првенство во Данска. Избраниците на селекторот Јовиќ денес ќе го одиграат својот прв натпревар на овој турнир и тоа со домаќинот Швајцарија, која според квалитетот се смета за најголем фаворит во оваа група. Мечот ќе биде одигран вечерва со почеток од 19:30 часот. Во првиот натпревар од групата ќе се сретнат репрезентациите на Црна Гора и Фарски Острови. Во сабота со почеток од 17 чсаот силите ќе ги одмериме со селекцијата на Ф. Острови, додека во последниот и можеби одлучувачки натпревар за пласман на ЕП ќе се сретнеме пртив Црна Гора. Само првите две пласирани репрезентации ќе обезбедат учество на мундијалот во Данска. Инаку на оој турнир ќе не претставуваа и тројца Вардарци, кои доаѓаат од екипата на РК Вардар 2. Се работи за Александар Димовски, Стефан Трпчевски и Дејан Кукуловски.