Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки заминаа за Ларвик, по “заверка“ на Ф4 во Будимпешта
Вардарки заминаа за Ларвик, по “заверка“ на Ф4 во Будимпешта

Вардарки заминаа за Ларвик, по “заверка“ на Ф4 во Будимпешта

Нашиот женски ракометен шампион утрово замина за Норвешка, каде во недела ќе го одигра реваш натпреварот од четвртфиналето во ЛШ, против екипата на Ларвик. Вардарки на првиот меч во спортскиот центар Јане Сандански забележаа убедлива победа со резултат 34:20 и во голема мера си го олеснија реваншот во Ларвик. Сепак како што напоменуваа од Вардаровиот табор, тој дуел беше само прво полувреме, а второто се игра во недела со почеток од 15:30 часот. Резултатот не треба да не залажува, напротив со добра и сигурна игра како пред недела дена повторно да направиме позитивен резултат.