Нашата ракометна репрезентација започна со пораз на квалификацискиот турнир за Олимписките игри. Избраниците на Ивица Обрван беа поразени од домаќинот Полска со резултат 25-20. Нашиот тим во текот на целиот натпревар имаше негатива, која во текот на вториот дел изнесуваше и високи осум голови предност. Стојанче Стоилов и Дејан Манасков постигнаа по три погодоци, а најефикасен беше Лазаров со осум.
Денеска нашата репрезентација ќе одигра натпревар против Тунис кој би требало да решава која репрезентација ќе оди на ОИ. Натпреварот започнува во 18 часот, а Полска во другиот натпревар игра со аутцајдерот Чиле.
Фото: Стојанче Стоилов – Фејсбук