ФК Вардар во средата имаше голема поддршка и од повредениот наш напаѓач и најдобар стрелец на екипата Дејан Блажевски. Популарниот Шиле иако по операцијата во странство поминаа неколку денови, сепак дојде на Филип II и им даде поддршка на своите колеги на важниот натпревар против градскиот ривал.
Блажевски донесе среќа за Вардарци, кои победија со 1:0. Секоја чест за Шиле, кој и покрај хируршкиот зафат беше помеѓу своите колеги.