Утре продолжуват возбудувањата во фудбалската Вардар Јуниор лига, која почна со првиот пролетен турнир во Скопје и на кој учествуваа сите регионални единици. Утре, недела според натпреварувачкиот календар ќе се играат мечевите само од т.н источниот регион. Домаќин на овој втор турнир пролетва ќе биде екипата на Мал Ајакс Вардар од Штип. На утрешниот турнир ќе земат учество екипите на ФК Вардар, Слога 1934 – Вардар од Виница, Борец Јуниор – Вардар од Велес и Рудар Јуниор – Вардар од Пробиштип. Тие ќе настапат со генерациите од 2003 до 2006 година. Распоредот на мечевите на овој штипски турнир изгледаат вака: