Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Жрк Вардар јуниор го совлада убедливо Пелистер на гостувањето во Битола
Жрк Вардар јуниор го совлада убедливо Пелистер на гостувањето во Битола

Жрк Вардар јуниор го совлада убедливо Пелистер на гостувањето во Битола

Избраничките на Симе Симовски со победа  го завршија т.н регуларниот дел од сезоната во женската Супер лига. Младите вардарки успеаа да го победат тимот на битолски  ЖРК Пелистер во гости со високи  17-29. Ова беше последен меч пред почетокот на разигрувањето, истиот   неможеше да донесе никаква значајна промена на табелата.

На овој дуел црвено-црните млади ракометарки одиграа моќно, доминантно и сигурно уште од самиот почеток. Ние успеавме многу  рано да дојдеме до предност и истата не ја испуштија во ниту еден момент од овој дуел. Поведовме први, единствено што успеаа зелено-белите е да  се доближат на еден гол негатива 7:8 , по што возвративме со серија 2-6. Па така  на полувреме заминавме на одмор со резулат 9:14 за девојките од Вардар јуниор. Вториот дел почна со по еден погодок во двете мрежи, по што следуваше  серија од 0:8 за вардарки со која поведоа со 10:23 половина од вториот дел. По ова се до крјаот беше рутина за младите црвено-црни девојки. Супер лигата ја завршивме со 11 победи од 12 натпревари, Вардар јуниор и ЖРК Металург ќе завршат со по 33 бода потоа следи почетокот на разигрувањето за титулата, во кое ќе се вклучи и

Жрк Вардар. Вардар јуниор: Белмезова, Ладева, Прленда 2, Петровска 2, Стојановска 3, Трпковска, Георгиевска 6, Николовска 2, Митова 2, Бојаџиска, Нолевска 6, Велкова 2, Трајчевска 2, Џини, Керамичиева 1, Мишевска 1.