Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пенезиќ прогласена од ЕХФ за играч на месецот
Пенезиќ прогласена од ЕХФ  за играч на месецот

Пенезиќ прогласена од ЕХФ за играч на месецот

Од пред краток  период како новина e воведено прогласување за најдобри играчи секој месец, истата ја доведе ЕХФ. Според изборот на европската куќа на ракометот   за месец март за најдобра ракометарка е прогласена Андреа Пенезиќ. Нашата Пенезиќ е и најдобриот стрелец на Вардар со 66 гола оваа сезона во женскиот сегме<nт од ЕХФ Лигата на шампионите. Андреа Пенезиќ пред се го заслужи ова признание со одличните  настапи во дресот на хрватската А-селекција каде  постигна 19 погодоци на  двата меча  со Црна Гора. По повод ова признание  нашата ракометарка го изјавила следното  за веб-сајтот на ЕХФ:

Голема чест е да се биде играч на месецот. Ова е награда која што ја добиваме за целата работа, сите напори на тренинзите и секако за она што го покажуваме на теренот. Одличено е чувството и се надевам дека ќе продолжам да прикажувам добри натпревари и во иднина. Игравме тешки натпревари во март и мора да признаам дека Црна Гора е една од најдобрите репрезентации. Ние имаме неколку млади играчи во екипата и со оглед на тоа одлично е што успеавме до победиме на домашниот натпревар, во Сплит. Многу сум среќна бидејќи освоивме два бода. Сега се фокусираме на клупските натпревари.