Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Хрватска и Шпанија поразени на стартот на квалификациските турнири за олимписките игри во Рио
Хрватска и Шпанија поразени на стартот на квалификациските турнири за олимписките игри во Рио

Хрватска и Шпанија поразени на стартот на квалификациските турнири за олимписките игри во Рио

Хрватска и Шпанија, за која настапуваат ракометари на Вардар доживеа порази на првите квалификациски натпревари за пласман на оломписките игри во Рио.

Хрватската ракометна репрезентација беше поразена од Данска со резултат 28:24. Инаку Данците се домаќини на овој турнир, односно градот Хернинг. Речиси цело прво полувреме се играше гол за гол на двете страни, се до последните четири минути, кога Данска со серија од три последователни гола успева на одмор да замине со предност од 11:9. Во вториот дел нивното водство како одминуваше мечот се повеќе растеше, така Данска во еден момент успеаа да стигне и до највисоки шест гола позитива. Сепак Хрватска не се предаде и за момент успеа да донесе резултатска неизвесност, откако прави серија од 1:6, за намалување на само еден гол негатива 23:22. Финишот повторно му припаѓа на домаќинот, кој успева со нова серија да го приведе натпреварот во своја корист. Лука Циндриќ ја потврдува добрата форма и во дресот на својата репрезентавија постигнувајќи 3 погодоци, додека Игор Карачиќ не успеа да се запише во листата на стрелци. Денес Хрватска игра протв Бахраин, додека решавачкиот дуел го играат во понеделник против селекцијата на Норвешка.

Најголемото изненадување на првиот ден од квалификациските мечеви го приредија Словенците, кои успеаа да ја победат репрезентацијата на Шпанија. Избраниците на Веселин Вујовиќ имаа незаборавни 20 минути, кои им дозволија на противникот да постигнат само два гола. Иако Шпанија по првото полувреме имаше предност од 16:12. В0 38 минута од дуелот тоа водство беше зголемено и на 19:14. Од тие моменти следи несфатлив пад кај избраниците на Маноло Каденас, кои постигнуваат само скромни два гола, наспроти 10 на Словенија, за конечен резултат од 24:21 на овој натпревар. Душебаев постигна 4 гола, додека Македа 1. На овој турнир Шпанија остана без услугите на најдобриот голман Арпад Штербик кој има мали проблеми со повреда. Денес Шпанија не би требало да има проблеми во дуелот со Иран, пред решавачкиот меч со домаќинот Шведска.