Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Прв пролетен пораз за генер. “2004“ во детската лига, забележана и една победа
Прв пролетен пораз за генер. “2004“ во детската лига, забележана и една победа

Прв пролетен пораз за генер. “2004“ во детската лига, забележана и една победа

Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија продолжија натпреварите од детската фудбалска лига. Свој настап после враќањето од турнирот во Бугарија, имаше и генерацијата родени “2004“ година. Тие денес забележаа една победа и нерешен резултат.

Најпрво на теренот излезе Вардар (2), кој за противник ја имаше екипата на Кул. Без поголеми проблеми нашите млади надежи издвојуваа победа со резултат 9:1. Теодор Перковски го отвори резултатот на овој натпревар за водство од 1:0. Набргу падна и вториот погодок за водство од 2:0. Максим Милошевски биеше, топката зафати еден од противничките играчи кој и даде неочекуван правец за голанот на Кул, кој беше принуден да ја вади топката од својата мрежа. Перковски го постигнува и својот втор погодок за водство од 3:0, претходеше акција од лева страна овој играч шутираше силно а топката заврши во мрежата. Вардарци продолжија со офанзивната игра, Кул речиси и да не се закани кон нашиот гол. Во листата на стрелци успева да се запише и Горазд Попов, кој доби топка од Перковски, за веќе висока предност од 4:0. Истиов играч само неколку минути подоцна постигнува и нов гол за водство од 5:0. Нов натпревар за голманот Стефан Тасев каде успева да постигне погодок за 6:0 и тоа од пенал, откако прототивничката екипа направи три корнери. На денешниот натпревар доста активен на теренот беше Максим Милошевски, кој имаше неколку одлични продори и удари кон противничкиот гол. Марио Сурлов беше новиот играч во нашиот состав, кој успева да се запише во листата на стрелци за убедливи 7:0. До крајот на првиот дел уште еден погодок во мрежата на Кул, дело на Максим Милошевски за резултат 8:0.

Во второто полувреме, првите шанси за погодок ги имаше Горазд Попов, но неговите удар завршуваат надвор од рамките на голот. Во овој дел од играта противничката екипа беше некако поактивна со неколку удари кон голот на Стефан Тасев, кој и денес беше на висина на задачата. Конечно таа игра им донесува и прв погодок за намалување на 8:1. До крајот на натпреварот ништо позначајно не се случи, освен уште еден гол во мрежата на Кул. Теодор Перковски ги постави конечните 9:1 на овој натпревар.

Прв пролетен пораз за оваа генерација, а вкупно втор во сезоната. Вардар (1) за противник ја имаше екипата на Албарса. Во натпревар со многу голови, на крајот посупешен беше противничкиот тим. Конечниот резултат на овој меч гласеше 3:4 И покрај негативата, црвено-црните успеаа во првото полувреме да направат комплетен резултатски пресврт и на полувреме да заминат со водство од 3:2. Стрелци на погодоците беа Георг Стојановски, Сандро Каровски и Марио Ричков. Сепак во вториот дел Албарса успева да постигне два гола и да забележи триуфм. Заморот од двата напорни турнири во Бугарија, можеби и си го направија своето. Сепак оваа генерација предводена од тренерот Арсовски во овој дел од сезоната покажа дека располага со голем квалитет и потенцијал кај момчињата кои покажуваат убав фудбал.