Во скопско Марино денес се одигра дербито во Младинската фудбалска лига помеѓу Вардар и тетовска Шкендија.Избраниците на Калц триумфираа со резулат 5-1, а по првите 45 минути мечот заврши со резулат 2-0. Најистакнати беа Апостоловски со 4 гола и Димков со еден гол од 30 метра и две асистенции. Калц се одлучи за следниве 11 играчи:Трајчевски, Ричков, Јошевски, Исмаил, Личина, Димков, Додевски, Беќири, Даци, Апостоловски, Кремчевски.