Името на спортскиот бренд Вардар игра многу важна улога во текот на последните 30 години и во куглањето , иако е редок и малку застапен спорт во нашата држава. После згаснувањето на Кугларскиот Клуб Вардар во 2002 година како неколкукратен шампион на Македонија и освојувач на меѓународни одличја, група ентузијасти-куглари одлучија да го оживеат името Вардар во овој спорт, создавајќи го Кугларскиот Клуб Вардар 2014 Скопје .
Сезоната 2014-2015 во Македонската Кугларска Лига (МКЛ) е првата за новосоздадениот клуб. Во него членуваат многу докажани и познати имиња за кугларскиот свет како Димитар Димитровски, неколкукратен Македонски Шампион, репрезентативец и еден од најдобрите македонски куглари на сите времиња, Миле Димковски- екс репрезентативец, Бојан Влаќевски актуелен репрезентативец и носител на сребрен медал од последното светско првенство.
Вреди да се споменат и останатите членови и нивното огромно значење:
- Дарко Димовски – екс член на многукратниот шампион на Македонија, Макпетрол.
- Влатко Стојановски – екс член на многукратниот шампион на Македонија, Макпетрол.
- Коста Ристевски – екс член на многукратниот шампион на Македонија, Макпетрол
- Марјан Згонц – некогашен репрезентативец
- Дарко Димитровски – репрезентативец и екс член на многукратниот шампион на Македонија, Макпетрол.
- Дане Јакимовски – екс член на КК Работнички и еден од најдобрите во лигата
- Младен Донковски – млад и надежен потенцијален репрезентативец и еден од најдобрите во лигата.
Тренер на екипата е многу квалитетната и познатата личност во куглањето, некогашен репрезентативен тренер, Драги Димитровски. Сите овие луѓе како целина , ветуваат многу успешни денови во иднина за Кугларскиот Клуб Вардар 2014 – Скопје