Трета победа за младинците на Фк Вардар во исто толку подготвителни натпревари. Вчера на теренот во Марино , беше совладана екипата на Милано со убедлив резултат од 3:0. Стрелци на головите за Вардар беа Игор Стојковски, Никола Ристески и Тони Мирчевски .
-Одигравме добар натпревар, на кој забележавме убедлива победа од 3:0. Бевме подобри од екипата на Милано во секој поглед. Имавме тотална доминација на теренот. Тоа го покажува и резултатот кој на крај можеше да биде и многу поубедлив.
На почетокот на март почнува пролетниот дел од сезоната, каде оваа екипа се наоѓа на третото место на табелата .
-Подготовките се при самиот крај. Сите се чуствуваме подготвени за новата полусезона,со надеж за двојна титула – изјави Игор Стојковски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски