Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Ви го презентираме Кугларски Клуб Вардар 2014
Ви го презентираме Кугларски Клуб Вардар 2014

Ви го презентираме Кугларски Клуб Вардар 2014

   Името на спортскиот бренд Вардар игра многу важна улога во текот на последните 30 години и во куглањето , иако е редок и малку застапен спорт во нашата држава. После згаснувањето на Кугларскиот Клуб Вардар во 2002 година како неколкукратен шампион на Македонија и освојувач на меѓународни одличја, група ентузијасти-куглари одлучија да го оживеат името Вардар во овој спорт, создавајќи го Кугларскиот Клуб Вардар 2014 Скопје .

tim

Сезоната 2014-2015 во Македонската Кугларска Лига (МКЛ) е првата за новосоздадениот клуб. Во него членуваат многу докажани и познати имиња за кугларскиот свет како Димитар Димитровски, неколкукратен Македонски Шампион, репрезентативец и еден од најдобрите македонски куглари на сите времиња, Миле Димковски- екс репрезентативец, Бојан Влаќевски актуелен репрезентативец и носител на сребрен медал од последното светско првенство.

Вреди да се споменат и останатите членови и нивното огромно значење:

  • Дарко Димовски – екс член на многукратниот шампион на Македонија, Макпетрол.
  • Влатко Стојановски – екс член на многукратниот шампион на Македонија, Макпетрол.
  • Коста Ристевски – екс член на многукратниот шампион на Македонија, Макпетрол
  • Марјан Згонц – некогашен репрезентативец
  • Дарко Димитровски – репрезентативец и екс член на многукратниот шампион на Македонија, Макпетрол.
  • Дане Јакимовски – екс член на КК Работнички и еден од најдобрите во лигата
  • Младен Донковски – млад и надежен потенцијален репрезентативец и еден од најдобрите во лигата.

09

Тренер на екипата е многу квалитетната и познатата личност во куглањето, некогашен репрезентативен тренер, Драги Димитровски. Сите овие луѓе како целина , ветуваат многу успешни денови во иднина за Кугларскиот Клуб Вардар 2014 – Скопје