Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар кандидат за домаќин на СЕХА завршниот турнир
РК Вардар кандидат за домаќин на СЕХА завршниот турнир

РК Вардар кандидат за домаќин на СЕХА завршниот турнир

РК Вардар е еден од четирите кандидати за организирање на завршниот Ф6 -Турнир во СЕХА-Регионалната ракометна лига. Со изградба на Спортскиот Ценар Јане Сандански РК Вардар и ЖРК Вардар им се отвори можност да организираат големи спортски манифестации .

984182_790892650963415_1408165829673948089_n

Како што официјално информира СЕХА – Лига на вчерашниот состанок е утврдено дека за завршното натпреварување во кое ќе земат учество годинава шест најдобро пласирани екипи има четири стигнати понуди . Покрај нашиот Вардар и неговиот С.Ц Јане Сандански во игра се и РК Војводина од Нови Сад , дебитантот во лигата Веспрем и Градот Пореч .

Двократниот победник на лигата и наш љубимец Вардар веќе е сигурен учесник на овој турнир за кој искрено се надеваме дека ќе биде Домаќин и дека во Скопје ќе гледаме една убава Ракометна престава .