Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Борјан Тодоровски : Нашата цел е двојна титула
Борјан Тодоровски : Нашата цел е двојна титула

Борјан Тодоровски : Нашата цел е двојна титула

Кадетите на Фк Вардар го одиграа третиот подготвителен натпревар во овој период, каде беа поуспешни од екипата на Милано. Натпреварот се одигра на теренот во Марино, а единствениот погодок на овој меч го постигна Јасир Беќири, на асистенција на Виктор Димков. Ова беше доволно за победа од 1:0.

-Го одигравме третиот контролен натпревар по двата претходни, со Скопје каде ремизиравме 2-2 и со Брегалница каде победивме 6-0. Против екипата на Милано издвојувавме минимална победа од 1-0. Натпреварот мина во наша иницијатива имавме многу неискористени прилики, нормално во период на припреми не може и не треба да биде се идеално.

Избраниците на Љупчо Марковски ќе го браната приматот “есенски шампион“ .

-Подготовките течат, дупла круна е целта. Работиме напорно, влеговме во фазата од припремите каде што се играат натпревари. Продолжуваме со уште посилно темпо се со цел да се отстранат појавените недостатоци. Да бидеме подготвени пред се да ја одбраниме есенската титула и да го освоиме купот, ни изјави Борјан Тодоровски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски