Последниот меч во Анталија пред утрешното враќање за Скопје со Словачкиот Есенски Шампион заврши со реми со резултат 0-0 .
Вардар настапи со следниве играчи :
Пачовски, Хамбарѕумјан, Таневски, Грнчаров, Попов, Љамчевски, Глигоров, Дашјан, Стојановски / Миранјан од 75 минута/, Блажевски, Ивановски.
Вардарци имаа повеќе од играта во првиот дел преку одбранбениот играч Таневски во 11 минута од мечот се закани по одлично изведен удар од аголот но голманот на Словаците Волешек успешно ја одби во поле каде топката дојде до Хамбарѕумјан кој не успеа да постигне гол за отварање на резултатот . Томе Пачовски повторно со прекрасна интервенција го зачува својот гол . Во вториот дел Блажевски во 60 минута со убав удар се обиде да ја начне мрежата на Жилина но топката по интервенција на противничкиот чувар на мрежата заврши во корнер . Блажевски и по само 2-3 минути не успеа да го постигне премиерниот гол на мечот . И по еден удар на Грнчаров и игра со рака на гол линијата не беше досуден пенал за Црвено-Црните како и во првиот дел судијата не се одлучи за најтрога казна . Докрај на мечот уште Ивановски се опроба со глава но сепак резултатот остана не променет .
Вардарци утре се враќаат за Скопје по речиси еден месец подготовки во топлата Анталија .
фото:Вардар.мк