Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Илчо Наумоски за Вардарфанс – Овој Вардар со овој газда мора да ја освојува титулата и купот во Македонија
Илчо Наумоски за Вардарфанс – Овој Вардар со овој газда мора да ја освојува титулата и купот во Македонија

Илчо Наумоски за Вардарфанс – Овој Вардар со овој газда мора да ја освојува титулата и купот во Македонија

1. Како се чувствуваш по толкава пауза (остави ли тоа трага) спремен ли си за новите предизвици, кога би почнал да играш ?

Чувствата се без зборови, после толку долго време да облечам копачки, исто како на почеток на кариерата.
Спремен не сум сеуште физички, ми фали многу, но добро е што облеков копачки и се радувам што побрзо да му помогнам на мојот клуб, и моите соиграчи!

2. Очекување од пролетната сезона Дома/Европски мечеви?

Прво “step by step”, титулата ни е желба без алиби, мора титулата да биде во рацете на Вардар!!
А потоа и припреми, само да се надеваме на среќа и во извлекувањето.
Овој Вардар со овој газда мора да ја освојува титулата и купот во Македонија, тоа мора да се случува за да може во европа да играме позначајно.

3. Задоволен ли си од остварените резултати на Вардар од есенва?

Задоволен сум што сме први секако, за купот тоа што се случи не требаше, многу ми е криво, но на крај на сезоната само да сме први е битно.
Сигурно ќе ни беше полесно да ја победевме Ренова оваа есен, и сигурен бев дека и купот ќе беше наш, но..

Илчо Наумоски само за Вардарфанс.мк !

Михајло Тушевски