Tuesday ,26 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Стојчевски : Својата иднина ја гледам само во ФК Вардар

Стојчевски : Својата иднина ја гледам само во ФК Вардар

stole

Стојчевски во дресот на Вардар

Стоперот на Црвено-Црните Столе Стојчевски по завршената позајамица во Хоризонт на крајот од зимскиот дел  се врати во Вардар и отпатува  со момците за Анталија . Таму одработи поголем дел од подготовките со момците и одигра и мечеви . Сепак дојде вест дека ќе иде повторно на позајмица. овојпат во тимот од Тетовски Тетекс каде ќе игра се до крајот на актуелната сезона, и ќе се обиде да има поголема минутажа со тимот кој на полусезона е “Фенерџија“ .

- Зашто се реши да заминеш на позајмица во Тетекс од Тетово, и твоите очекувања од истата ?

- Во Тетекс дојдов на одстапница само до крајот на сезоната . Нормално да соберам потребно искуство и да имам соодветна минутажа . 

Очекување со новиот Клуб и како се адаптираше на новата фудбалска средина ?

- Да обезбедиме опстанок во лигата и да се избориме да бидеме Шампиони на Купот на РМ . Секако прифатен сум одлично од стручниот штаб и моите соиграчи од Тетекс .

Подготовките во Анталија ги мина со тимот на Вардар во најголем дел. Какви впечатоци носиш од Турција , каде ја гледаш твојата иднина како млад фудбалер  ?

- Мојата иднина несомнено ја гледам само на едно место , а тоа е во нашиот ФК Вардар . На подготовките се работи професионално и фантастично , сега сите потребни услови за еден Европски клуб и европски подготовки ги има нашиот ФК Вардар . 

Твоето мислење за шансите за трофеии  оваа сезоната се ?

- Им посакувам на целиот тим на Вардар среќа до крај на првенството и се надевам дека ќе успеат да го освојат првото место во Македонското првенство . Нормално очекувам и јас со Тетекс да го дигнам пехарот во Купот на РМ во Мај месец – Изјави Столе Стојчевски за ВардарФанс

Редакцијата на ВардарФанс.мк му посакува од срце успех во тимот на Штофарите, и да ни се врати на лето повторно во Вардар  .

Михајло Тушевски