Во периодот од 17-21 април на тренинг центарот “Петар Милошевски“ ќе се одигра развојниот турнир на УЕФА, на кој покрај Македонската репрезентација до 16 години, ќе учествуваат уште и селекциите на Луксембург, Украина и Казахстан. Првиот натпревар ќе го одиграме во недела со почеток од 16 часот, против селекцијата на Казахстан.
Селекторот на Македонската репрезентација, Добринко Илиевски за претстојниот турнир повика и пет играчи од редовите на фудбалскиот клуб Вардар. На списокот се најдоа голманите Малик Зибери и Мето Велковски, потоа Филип Антовски, Јакуп Бериша и Саит Битиќи.