Во недела е одлучувачкиот меч за титулата во македонската прва фудбалска лига помеѓу нашиот љубимец фудбалскиот клуб Вардар и единствениот конкурент за круната тетовска Шкендија. Скопските црвено-црни се домаќини на тетовчани во недела во меч од 27 коло во најквалитетната македонска фудбалска конкуренција. Мечот е закажан со почеток во 16-00 часот и за истиот ќе биде отворена само Јужната трибина. По повод овој меч најверните вардарови следбеници навивачката група Комити на својата официјална страница постави фотогафија со која се повикува членството за неделниот дуел. Тие над истата фотографија кратко и јасно потенцираа “Игра Вардар, сите на стадион“.