Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пет Вардарци во составот на фудбалската репрезентација до 16 години, дел од развојниот турнир на УЕФА
Пет Вардарци во составот на фудбалската репрезентација до 16 години, дел од развојниот турнир на УЕФА

Пет Вардарци во составот на фудбалската репрезентација до 16 години, дел од развојниот турнир на УЕФА

Во периодот од 17-21 април на тренинг центарот “Петар Милошевски“ ќе се одигра развојниот турнир на УЕФА, на кој покрај Македонската репрезентација до 16 години, ќе учествуваат уште и селекциите на Луксембург, Украина и Казахстан. Првиот натпревар ќе го одиграме во недела со почеток од 16 часот, против селекцијата на Казахстан.

Селекторот на Македонската репрезентација, Добринко Илиевски за претстојниот турнир повика и пет играчи од редовите на фудбалскиот клуб Вардар. На списокот се најдоа голманите Малик Зибери и Мето Велковски, потоа Филип Антовски, Јакуп Бериша и Саит Битиќи.