Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Викендов само Младинките и Пионерите ќе одиграат лигашки дуели од младинските екипи, двата дуели се играат недела во “Кале“
Викендов само Младинките и Пионерите ќе одиграат лигашки дуели од младинските екипи, двата дуели се играат недела во “Кале“

Викендов само Младинките и Пионерите ќе одиграат лигашки дуели од младинските екипи, двата дуели се играат недела во “Кале“

 Според програмата овој викенд единствено само две вардарови младински екипи ќе играат натпревари во својте лиги. Единстевено ќе настапиме во женска конкуренција кај младинките и во машката свој меч ќе одиграа пионерска екипа Вардар. Двата меча ќе се одиграат во недела во спортско рекреативниот центар “Кале, и на истите стандардно влезот е бесплатен .

Во мечот од женска младинска лига младинките на Вардар  ќе се сретнат со екипата на  Делчево, која е наш “должник“ од есенскиот дел од сезоната . Овој дуел свој термин на одигрување има во недела со почеток во 13-00 часот. Избраниците Билјана Пецевска се во одлична форма тие на двата последни дуели забележаа триумфот во дербито со екипата на Металург, а потоа впишаа победа на гостувањето во Ѓорче, против истоимената екипа. Нашите девојки  за титулата ќе одиграат Ф-4 турнир во оваа категорија. Пред девојките нашата машка пионерска екипа ќе одигра меч со тимот на Рк Работнички. Овој  неделен дуел е закажан со почеток во  11-00 часот. Во последниот дуел пионерите на РК Вардар предводени од Будимир одиграа натпревар во Виница против тимот на Торо Спорт, тој натпревар го доби домаќинот со резултат 30-20 (17-12).