Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Нацева: Вратата за финалето ни е подотворена – Суслина: Не смееме да си дозволиме третпат да не играме во финалето
Нацева: Вратата за финалето ни е подотворена – Суслина: Не смееме да си дозволиме третпат да не играме во финалето

Нацева: Вратата за финалето ни е подотворена – Суслина: Не смееме да си дозволиме третпат да не играме во финалето

Познат е противникот за нашиот женски ракометен шампион, во полуфиналето од лигата на шампиони. Екипата на ЦСМ Букурешт ќе биде последната “пречка“ за Вардарки кон патот до големото финале. Сите потајно го очекувавме Романскиот претставник за противник, па желбата на крајот се исполни. Пред медиумите после извлекување на ждрепката се обрати претседателот на клубот, Гордана Нацева која искажа задоволство од извлечениот противник, но и дека треба на терен да ја оправдаме фаворитската улога.

-Сакам да им честитам на водечките луѓе од ЕХФ и од водечките луѓе од унгарската федерација за двата извонредно организирани турнира и еве оваа година очекуваме да биде најсилниот и најдобро организираниот Ф4. Така што очекуваме голем спектакл и добар турнир. За ждрепката можам да речам дека од трите противника овој е најмало зло, можеби најсоодветен. Но не смееме да заборавиме дека во последните натпревари тие ја креваат формата, играа одлично со Ростов. Сигурно нема да заборават дека двапати ги победивме, тие два пораза ги болат и ќе сакаат да ни се реваншираат.Индира и Давид имаат скромни најави така и треба, да покажеме на теренот што знаеме. Мислам дека вратата ни е малку подотворена за финалето, изјави Нацева.

На медиумите се обрати и Ристовска, која изјави дека екипата има доволно време да се подготви за да направи добар резултат.

-Малку посреќни сме што ни се падна Букурешт, ја познаваме доволно добро екипата, имаме добар резултат со неа од групната фаза. Имаме доволно време и се надевам дека ќе се спремиме, ќе направиме добар резултат и ќе се пласираме во финалето, рече Сара Ристовска.

Суслина напомена дека овој пат треба да се искористи шансата и да играме во големото финале.

Мала помош е што играме со Букурешт. Ова е најважен натрпевар и не смееме да си дозволиме третпат да не играме во финале, смета Ина Суслина.