Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Дејан Василевски: Со советите на Мартиновски и мојата пожртвуваност се подготвувам за “Скопскиот маратон“
АТЛЕТИКА! Дејан Василевски: Со советите на Мартиновски и мојата пожртвуваност се подготвувам за “Скопскиот маратон“

АТЛЕТИКА! Дејан Василевски: Со советите на Мартиновски и мојата пожртвуваност се подготвувам за “Скопскиот маратон“

Дејан Василевски  ја истрча првата трка за црвено-црниот атлетски колектив. Тој на истата значајно го подобри своето постигнување. Досега има трчано и за екипата на Делта, зад себе   има повеќе трки дебитираше на 13 ноември 2011 година со бронза на 5200 метри потоа има 5 полумаратони како и неколку крос кантри трки и трки на 3000 и 5000 метри. Тој пред кратко време премина во Вардар. За настапот на полумаратонот на манифестацијата “Трчаме кон целта “ вели:

 Средени се мислите од полумаратонот, мојата прва трка оваа година, на која се појавив со една цел и добив и повеќе од посакуваното. И тоа како ми значеше времето за кое можам да финиширам 21.1км, сега го знам, и сигурен сум во тоа дека истото веќе ми претставува отскочна даска во мислите, правејќи ги завршните и најважни тренинзи за маратонот. Самодовербата после личниот рекорд и после финиширање со време кое е добар показател за она што следува, ми е на највисоко ниво досега. Апсолутно немам ниту некакви сомнежи кон програмата која ми ја налага Трпе Мартиновски, откако по само 1 месец тренирање со него, направив фантастичен личен резултат. Ако го следите успехот и на останатите атлетичари на АК Вардар, лесно ќе заклучите за каква маратонска легенда станува збор. Трпе се грижи за успехот на нашите тренинзи идентично како за неговите, не прати со будни очи и ни помага на секој начин.
V TEX
За советите од вардаровиот тренер, за подготовките за неговиот прв  настап на маратон од 42 км, кој во план е да биде на најдобро организираната атлетска манифестација “Скопски Маратон“ и очекувањата Дејан вели:

Што се однесува до мене, по сите совети од мојот тренер кои активно ги практикувам, а кои не се однесуваат на тренингот, туку на начинот на живот, исхрана и се останато настрана од асфалтот и тартанот, се чувствувам премногу свеж, одморен, полн со енергија, иако бројот на тренинзите после периодот на релаксација од трката, ми се зголеми за 50%. Интензивирањето на тренинзите во овој период, требаше да го дочекам со прилично повеќе замор, но наместо тоа, „гладен“ сум за секој нов тренинг. Има тренинзи пред кои се чувствувам неподготвен, чувствувам дека можеби нема да го издржам долж целиот тренинг нивото кое тренерот го побарал од мене, но моето тело одговара на токму спротивен начин, некогаш и подобро од бараното ниво.Маратонот се ближи немилосрдно. Преостануваат уште 3 недели, од кои последната нема да биде на ниво на подготовка како што е моментално, нормално за да се остави простор за рехабилитација на телото и правилна подготовка за најважниот ден. Верувам во способноста да ги издржам и финалните подготовки и цврсто да застанам на стартната линија на 8 мај.- Изјави за нашиот сајт Василевски.

Михајло Тушевски