Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2005“ со една победа 7-2 и една службена во детската лига
ФК Вардар генер. “2005“ со една победа 7-2 и една службена во детската лига

ФК Вардар генер. “2005“ со една победа 7-2 и една службена во детската лига

Денес на терените на ФК Работнички во градскиот парк фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2005“ забележаа една  убедлива победа во детската лига, а вториот меч со ФК Шкупи го добиа службено бидејќи противникот не се појави. Избраниците на Зоран Петковски однесоа победа со врсниците од ФК Фортуна со високи 7-2.

Првото полувреме го почнавме со максимална ангажираност и целосна офанзива кон голот на Фортуна која претежно беше ориентирана на дефанзива и само спорадично се закануваше, но тука беше Марко Бреслиев на нашиот гол кој беше последен бедем пред налетите на противникот. Првиот период го добивме без промен гол со резулат 4-0. Младите момци од ФК Вардар (1) во сите аспекти на фудбалската игра ги надиграа противниците од скопската населба Ченто. Двапати во мрежата на Фортуна стрлаше во првото полувреме Никола Величковски , а по еднаш мрежата ја затресе Сековски Дарко и Левковски Давор кој воедно имаше и една асистенција во првиот период.  Покрај овие четири погодоци имавме шанси и за “петарда“, но сепак тоа го оставивме за вториот период.

Брзо во второто полувреме дојдовме до пети гол. по само 60 секунди игра Симе Здравковски го отвори вториот дел со прекрасен гол. Тој со одличен удар од 15сетина метри ја упати топката во горниот лев агол од противничкиот гол, топката мина точно на спојот помеѓу стативата и гредата за ефектен погодок за 5-0. Фортуна после петиот гол во нивната мрежа појде да постигне прв гол, заигра поофанзивно и успеа во тоа, тие погодуваат за 5-1 по една недоволно добра проценка на нашиот голман. Младите вардарци тргнаа да го вратат водството од  пет гола и успеваат преку Сековски Дарко кој го постигнува својот втор погодок денес на мечот за водство од 6-1 на црвено-црните надежи.  Имавме шанса и за 7-1 преку Јовановски кој во соло продор од левата страна шутна силно поземја, но голманот на Фортуна со одлична интервенција исфрли со крајни напоро во корнер. Во фудбалот стига казна за нашите нереализирани шанси нашиот противник “не казни“ со втор погодок, по еден карамбол пред нашиот гол тие успеаа да ја внесат топката во нашата мрежа. По овој гол почнаа да се редат шанси пред противничкиот гол, ние атакувавме на седми погодок. Успеваме да дадеме гол преку Никола Величковски кој погоди денес трет пат, по асистенција на Лефковски кој беше расположен за проигрување. Нашиот голман Леонид успеа да одбрани до крајот пенал досуден по трет корнер, а одбиената топка повторно дојде до противничкиот голман и повторно успеа да ја исфрливи во поле и да остане несовладан.