Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Нови две победи за генер. ”2007” на Вардар
Нови две победи за генер. ”2007” на Вардар

Нови две победи за генер. ”2007” на Вардар

Денеска на терените на ФК Работнички се одигра ново коло во детската лига. Играчите на Томче Трајановски ги победија врсниците од Работнички и Њу Стар.
ФК Вардар генерација 2007 (2) одигра натпревар против ФК Работнички. Овој натпревар нашите играчи го добија со 3-1 хет-трик во нашиот тим постигна извонредниот играч денеска Марко Крстевски. ФК Вардар започна уште од почетокот со иницијатива, ја имаше топката во свој посед, додека пак тимот на Работнички се бранеше и својата шанса ја чекаше од контра напади. Голманот на Работнички со неколку одлични одбрани спречи поголемо водство за нашиот тим. На полувреме беше 1:0. Во вториот дел Вардарци заигра уште поубав напаѓачки фудбал од првиот дел. Вториот гол дојде за Вардар по одлична асистенција на Мицевски Марко Крстевски погоди за 2:0, потоа дојде и третиот гол за Марко денеска, за водство од 3:0. При крајот на натпреварот Работнички постигна гол за ублажување на водството од 3:1. Со овој резултат заврши натпреварот.

ФК Вардар 2007 (1) се погрижи за уште една победа овој викенд. Минимално денеска беше победена екипата на Њу Стар со резултат 1:0. Стрелец на голот беше Петар Мицевски.
Вардар започна напаѓачки, имаше две убави шанси за гол, но голманот на Њу Стар едниот удар го одбрани, другиот заврши покрај голот. Потоа Мицевски со силен удар ја погоди стативата од голот на противниците. Потоа следуваа уште две шанси но мрежата на противниците не беше затресена, на полувреме се замина со резултат 0-0. Во вториот дел Вардар тргна по погодок, прв се закани Мицевски но биеше покрај голот. Мора да се напомене дека на овој натпревар супер одбрани имаше нашиот голман Лука Јаневски. Повторно Мицевски ја затресе стативата од голот на Њу Стар, втора статива денеска на Петар. Конечно дојде и погодокот број еден денеска дело на Петар Мицевски. Голманот на Њу Стар беше совладан за голема радост на нашите играчи и водство. До крајот на натпреварот Вардар  рутински ја задржа предноста и победи со резултат 1:0.