Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2003“ ја покажа својата сила и квалитет во дуелот со Македонија Ѓ.П
ФК Вардар генер. “2003“ ја покажа својата сила и квалитет во дуелот со Македонија Ѓ.П

ФК Вардар генер. “2003“ ја покажа својата сила и квалитет во дуелот со Македонија Ѓ.П

Ако се гледа според прикажаната игра на теренот од сите Вардарови генерации во денешното коло на детската лига, сигурно дека најдобро издание имаше генерацијата родени “2003“ година предводени од Ане Андовски. Тие денес на терените на фудбалската федерација на Македонија, беа подобри во дербито со екипата на Македонија Ѓ.П. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 3:0, иако ако се гледа според шансите требаше да биде изразен со поголема разлика.

Уште од првата минута започнуваме да атакуваме на противничкиот гол, прв во прилика за постигнување погодок се најде Иван Пашариковски, кој по уфрлена топка од Ѓорѓиевски биеше само над голот на Македонија Ѓ.П. Андреј Стојчевски беше следниот кој упати удар, но голманот на Македонија Ѓ.П е на вистинското место. Шансите пред голот на противникот се редеа како на “филмска лента“, Влатко Стојановски и Дамјан Ќосески беа следните кои се заканија по голот на противникот. Најголемата шанса за отварање на резултатот ја имаше Александро Прелоговски, со одлични проигрувања се отвори прилика за погодок, нашиот напаѓач изби сам со голманот, но овој успеа да го скроти неговиот удар. Стојчевски повторно со удар, но само во рацете на противничкиот чувар на мрежата. Конечно среќата ни се насмевна, откако противникот направи три корни, по што следуваше пенал за нашите млади надежи. Успешен реализатор беше Дамјан Марковски. Последната прилика во првото полувреме за зголемување на водството беше дело на Иван Пашариковски, сепак неговиоу удар беше одбранет. По првото полувреме резултатот беше 1:0. Да напомене дека имаше чудна судиска одлука на крајот од првиот дел, кога судијата дозволи да се изведе корнер, а во истата акција беше направена и трета корна, што фактички претставуваше нов пенал за црвено-црните. Сепак судијата реши да свирне крај и да не дозволи нов гол за нашиот состав.

vardarfans pobeda za gener 2003

Во второто полувреме продолжи “викторија“ пред голот на Македонија Ѓ.П, која речиси и да не ја помина својата половина. Противникот за цел меч не успеа да создаде ниту една вистинска шанса кон голот на Лука Стојковски, што доволно говори за каков натпревар имавме можност денес да гледаме. Прв во шанса во вториот дел се најде Дамјан Ќосески, кој шутира само по средината на голот. Вардарци својата добра игра ја “крунисаа“ со втор погок за водство од 2:0, дело на Петре Тасевски, по асистенција од Ќосески во акција од десната страна. Голем број на шанси пред голот на Ѓорче, неколку пречки беа погодени од страна на Вардар, можеби среќата не не посака во неколку моменти. Сепак Марио Петрушевски, успеа по една одбиена топка која заврши во пречката, да ја претвори во погодок за водство од 3:0. До крајот имавме можност да ја зголемиме предноста, откако преку пенал не успеавме да погодиме. Пречката им беше сојузник на Македонија за да не загубат со поголема негатива. Овој пат Марковски немаше среќа да погоди. Конечниот резултат гласеше 3:0, иако спред горенаведените шанси на крајот требаше уште поубедливо да победиме.

Прекрасна игра за “око“ од оваа Вардарова генерација, која покажа денес како треба да се игра вистински фудбал. Честитки за прикажаната игра, со надеж дека до крајот на сезоната ќе продолжиме во ваков стил и темпо на игра.