Sunday ,12 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Стефан Тасевски го реши Шкупи, младинците на ФК Вардар чекор поблиску до титулата
Стефан Тасевски го реши Шкупи, младинците на ФК Вардар чекор поблиску до титулата

Стефан Тасевски го реши Шкупи, младинците на ФК Вардар чекор поблиску до титулата

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар успеаа да забележат голема победа на гостувањето против Шкупи. На теренот во с. Сингелиќ избраниците на Љупчо Марковски беа подобри од противникот, со минимален триумф од 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Стефан Тасевски.

Црвено-црните беа подобар противник на теренот и на крајот сосема заслужено ги освоија трите бода од ова тешко гостување. По првото полувреме резултатот беше, оној почетниот 0:0. Иако имавме неколку шанси за погодок, сепак резултатот остана непроменет.

Во вториот дел се играше цврсто, играта беше претежно на средината на теренот. Моментот на одлука се случи во 85 минута кога Стефан Тасевски успеа да ја затресе противничката мрежа, за голема радост на Вардарци. До крајот Шкупи немаше сили да се врати резултатски и мораше да се помири со овој пораз. Покрај погодокот во шанси за гол се најдоа уште Димитровски, Даци и Апостоловски. Сепак и еден погодок во мрежата на Шкупи, беше доволен за освојување на нови три бода, кои не носат чекор поблиску до титулата.

ФК Вардар: Трајчевски, Јошевски, Ричков, Личина, Исмаил, Додевски, Димитровски, Даци, Апостоловски, Тсевски, Димков.