Денес во малата сала при Спортскиот центар “Јане Сандански“ се одиграа мечевите во машка конкуренција во ракометната вардарова “Јуниор лига„. Тимот на РК Илинден-Вардар настапи со две свои генерации денеска, мечеви имаше генер. 2002/03 и 2000/01. Во едниот меч остварија трумф, а во другиот беа поразени.
Во мечот за генерација 2002/2003 се сретнаа со тимот на РК Бутел Вардар и момците од Илинден на овој меч доживеаа пораз од 17-13. Тие мечот први го отворија со погодок, но тимот од скопски Бутел брзо врати со два погодоци и го презема водството од Илинден. Потоа следеше период во кој се играше игра гол за гол на двете страни и резулатот беше постојано нерешен се до 6-6, кога во финишот на првиот дел Бутел постигна два последователни погодоци и поведе со 8-6, но избраниците на Дарко Јанев во последниот напад погодија за 8-7 и со минимална негатива заминаа на одмор.
Вториот дел први до погодок овој пат го отворија ракометарчињата на РК Бутел-Вардар. Се играше во продолжение игра гол за гол негде на средината од вториот дел резулатот беше 11-14, по што следеше серија од 2-0 за бутелчани, со која првпат отидоа на плус пет на мечот 11-16 предност која беше доволна да донесе победа на овој дуел. Бутел победи со резулат 13-17 кај нив најдобра стрелец беше Бојан Стојановски со 4 гола, а пак кај РК Илинден по три гола имаа-Трајковски, Јанчев и Зарковски.
Во вториот дуел денес за тимот на РК Илинден-Вардар, се сретнаа со тимот на Академија-2 во меч за ракометари родени 2000/2001 година. Илинденци во овој дуел однесоа победа со 20-15 во меч со добро одиграно второ полувреме, првото полувреме заврши со резулатска симетрија на семафорот 10-10. Први со погодок мечот го отворија ракометарите на Академија-2, по што Илинден изедначи. Академија во продолжение постигнува два погодоци и првпат на мечот во 5 минута една екипа има предност од 2 гола . Илинденци заиграа по ангажирано во продолжението и негде до половината на првиот дел со серија 3-1 го изедначиа резулато на 4-4. Докрај на првиот дел се менуваа двете екипи во водството кое секогаш беше минимално и на одмор се замина со резулат 10-10 што беше реална слика на прикажаното на теренот во Јане Сандански.
Вториот дел со погодок овој пат го отворија избраниците на Дарко Јанев, по што следуваа уште два во мрежата на Академија-2 за прво водство со три гола на Илинден на овој меч 13-10. Во продолжение двете екипи погодија по три пати во противничката мрежа, предноста остана иста плус три за Илинден негде на половината од вториот период резулатот беше 16-13. По овој момент момците од Илинден одиграа одлично во одбрана, црврсто и решително и ефикасно во напад, што донесе нова серија 3-0 и најголема предност од плус шест со што се наговести победникот на мечот, се до крај беше рутина. Мечот Илинден го доби со резултат 20-15, а најефикасен стрелец беше Драгимановски Драган со 6 гола, а во поразениот табор Димитревски, Милевски и Василевски имаа по три гола.