Денеска се одигра и 2 коло во машката ракометна супер лига на Македонија. Момците на РК Вардар за противник го имаа тимот на РК Работнички. Иако Работнички беше домаќин, овој натпревар се одигра во нашата сала СЦ. Јане Сандански. Натпреварот нашите играчи го добија на убедлив начин со конечен резултат од 26:38. Ова беше ”загревање” за саботниот клучен натпревар оваа сезона за Вардарци.
Противникот прв го отвори резултатот на овој меч, а во следните пет минути се игрше гол за гол на двете страни, се до моментот кога Работнички успева да поведе со 6:4. Ова водство како да го налути нашиот ракометен шампион, кој прави серија од четири последователни гола, за преземења на предноста 6:8. Сепак избраниците на Андон Бошковски не се предаваа така лесно, па во наредниот период успеваат да го израмнат резултатот на 11:11. При резултат 12:13 следи нова серија на Вардарци од 1:4, за зголемување на воството. Како се ближеше крајот на првото полувреме, игравме се подобро и постепено но сигурно ја зголемувавме разликата. По првите 30 минути имавме солидно водство од 16:22
Вардар настапи без Арпад Штербик и повредените Филип Лазаров и Александар Деревен. Во вториот дел РК Вардар рутинирано ја зголемуваше предноста за на крај да изнесува високи 12 голови предност.На стартот на вториот дел продолжи нашата серија од 0:3 за веќе убедливи 16:25. Набрзо имавме и двоцифрена предност од 17:27, по што веќе беше јасно кој ќе ги освои бодовите на овој натпревар.
Најефикасен беше Дејан Манасков со 6 постигнати голови, додека Карачиќ и Циндриќ постигнаа по 5 погодоци.
РК Вардар: Ангелов, Милиќ, Стоилов 3, Брумен 1, Тоскиќ 3, Манасков 6, Македа 2, Карачиќ 5, Душебаев 3, Абутовиќ, Циндриќ 5, Дибиров 3, Горбок 3, Шишкарев 3, Марсениќ 1.