Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > ЖРК Вардар Јуниор “лесно“ преку Пелистер, до првата победа во плејофот од супер лигата
ЖРК Вардар Јуниор “лесно“ преку Пелистер, до првата победа во плејофот од супер лигата

ЖРК Вардар Јуниор “лесно“ преку Пелистер, до првата победа во плејофот од супер лигата

Започна првото коло во плеј-офот во женската ракометна супер лига. ЖРК Вардар Јуниор со победа го стартуваше овој дел од сезоната, против екипата на Пелистер од Битола. Овој дуел се одигра во С.Ц. Јане Сандански и заврши со убедлив триумф на црвено-црните, со резултат 32:18.

Уште на стартот беше познато кој ќе ги освои бодовите на овој натпревар, откако Вардарки започнаа со водство од 5:0. Разликата во квалитет беше очигледен на двете страни, избраничките на Симе Симовски доминираа на теренот и само ја зголемуваа предноста. Во еден момент имавме и водство од 10:2, додека не требаше многу време да помине за да стигнеме и до двоцифрена предност од 14:4. До крајот на првото полувреме успевавме во неколку наврати да направиме серија од 3:1 и на одмор да заминеме со убедливи 23:8.

Второто полувреме со гол го отвори гостинската екипа, но во продолжение ништо поразлично не се случуваше на теренот од првите 30 минути. Тренерот Симовски им даде шанса за настап на сите ракометарки кои беа на располагање за овој меч. Најдобриот период во играта на Пелистер беше, кога при резултат од 25:10 успеаа да направат серија од четири последователни голови, доволно само да се намали негативата. Вардарки повторно воспоставија рамнотежа на теренот и на крајот славеа со резултат 32:18.

Вардар јуниор: Белмезова, Ладева, Прленда 4, Петровска, Стојановска 1, Трпковска 1, Георгиевска 6, Николовска 2, Митова 5, Бојаџиска, Нолевска 5, Велкова, Трајчевска 1, Џини 4, Керамичиева, Мишевска 1.