Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > На пет кола до крајот на сезоната, кадетите и младинците на Вардар во добра позиција за освојување на титулата
На пет кола до крајот на сезоната, кадетите и младинците на Вардар во добра позиција за освојување на титулата

На пет кола до крајот на сезоната, кадетите и младинците на Вардар во добра позиција за освојување на титулата

Изминатиов викенд се одигра 17 коло во првенството на младинските фудбалски категории, во конкуренција на кадети и младинци. Вардаровите генерации забележаа нови победи, со кои си ги зголемија шансите за освојување на титулата.

Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар покажаа дека се наоѓаат во одлична форма, забележувајќи пет победи и само еден нерешен резултат во пролетниот дел од лигата. Избраниците на Влатко Колев се како препородени во овој дел од сезоната, кој може да биде и најважен за конечниот исход на табелата. Го “пребродивме“ и тешкото гостување во Шкупи, од кое заминавме со нови три бода. Иако домаќинот беше прв кој ја затресе нашата мрежа, до крајот на натпреварот црвено-црните одговорија со четири погодоци, за конечен триумф од 1:4. Нашите кадети “профитираа“ од ова изминато коло, бидејќи на табелата се најдоа пред екипата на Металург, која долго време беше лидер во оваа категорија. Тимот од железарница не успеа на свој терен да го победи Пелистер, играјќи само нерешено 1:1 и така ја загуби првата позиција на табелата. Шкендија пак се спасуваше од неуспех во второто полувреме, кога успеа од негатива од 1:0, на крајот да победи во Струмица против екипата на А. Панде со резултат 1:3. Вообичаено стана на натпреварите на Шкендија да гледаме пресврти, откако на полувреме тимот од Тетово има негатива. Сепак до крајот на првенството се е во рацете на Вардарци, кои имаат поволен распоред во преостанатите пет кола. На домашен терен треба да ги пречекаме екипите на Академија Пандев ( во следното коло) и Металург, кој е наш директен конкурент, а во последното коло исто така играме дома со екипата на Милано. Гостуваме само во Ѓорче и против екипата на Ренова. На табелата имаме освоено идентични 38 бодови со Шкендија, но поради послабата гол разлика, тимот од Тетово е лидер.

Младинците на Вардар со победата против Шкупи, исто така направија голем исчекор во освојување на титулата. Со гол во последните пет минути од дуелот го решивме противникот и освоивме многу важни три бода, кои на крај можат да се покажат како пресудни за освојување на првото место. Во дербито на колото, Академија Пандев ја “растури“ Шкеднија со резултат 4:2 и не дозволи да се повтори ланското сценарио, кога истава генерација во конкуренција на кадети на полувреме имаше водсво од 2:0, а на крајот го загуби тој меч со 2:4. Сега Струмичани се во борба за титулата, па немаа “алиби“ за да загубат на овој меч. Веќе во следното 18 коло многу работи можат да станат појасни околу конечниот исход во оваа категорија. Вардар на свој терен ќе ја пречека второпласиранатота екипа на А. Пандев, па евентуален триумф на црвено-црните би им донел четири бода предност во последните четири кола, кои можат да бидат недостижни до крајот на сезоната. Шкендија по поразот во Струмица, драстично си ги намали шансите за врвот, сега има четири бода бода помалку од Вардар, па ќе чека евентуален “кикс“ на најголемите претеденти за титулата.

Двете Вардарови екипи веќе утре ги очекуваат реванш натпреварите од полуфиналето на купот. Кадетите гостуваат на Милано (1:0), додека младинците се гости на Работнички (4:3).