Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Малик Зибери јунак во победата на фудбалската репрезентација до 16 години
Малик Зибери јунак во победата на фудбалската репрезентација до 16 години

Малик Зибери јунак во победата на фудбалската репрезентација до 16 години

На развојниот фудбалски турнир на УЕФА, чиј домаќин е нашиот главен град и тренинг центарот „Петар Милошевски, Македонската фудбалска репрезентација до 16 години забележа победа на првиот натпревар. Противник ни беше селекцијата на Казахстан, која успеавме да ја победиме, дури после изведувањето на удари од белата точка. Во регуларниот дел овој меч заврши без голови, иако нашата селекција имаше неколку добри шанси да го отвори резултатот.

Се пристапи на изедување на пенали, на кои Македонија беше пододбра со резултат 5:3. Јунак во триумфот е Вардаровиот голман Малик Зибери, кој успеа да скроти пенал на Казахстан. Во стартниот состав на овој меч се најде уште и напаѓачот на пионерите, голгетерот Саит Битиќи, додека шанса за настап доби и Јакуп Бериша, исто од редовите на Вардар.

Денес го играме вториот натпревар на турнирот, против репрезентацијата на Луксембург.