Вардарки трета последователна сезона се пласираа на завршниот турнир на најдобрите четири екипи во лигата на шампиони. И оваа година, домаќин на Ф4 ќе биде Будимпешта, а црвено-црните ќе се обидат да стигнат до големото финале. За да стигнат до посакуваната цел, сигурно дека ќе им биде потребна поддршката од своите навивачи. За таа цел, клубот во организација со туристичката агенција Пилот травел нуди пакет-аранжман за патување и престој во Будимпешта, со вклучени билети за натпреварите од двата дена на Ф4 турнирот.
Аранжманот предвидува патување, две ноќевања во хотел кој се наоѓа веднаш до салата, разгледување на Будимпешта и најважното, заедничко следење и навивање на натпреварите на Вардар. Ф4 турнирот се игра на 7 и 8 мај, а патувањето почнува од 5 мај, вечерта во 20.00 часот, па сѐ до 9 мај наутро, за кога е предвидено враќање во Скопје.
Аранжман 1:
1 ден – 05 мај Скопје – Будимпешта
Состанок со групата на паркингот пред СЦ Јане Сандански во 20:00 часот. Поаѓање за Будимпешта во 20.30 часот. Ноќно возење со попатни паузи за царински формалности и одмор.
2 ден – 06 мај Будимпешта
Пристигнување во Будимпешта во претпладневните часови. Панорамско разгледување на градот: Споменикот на Милениумот, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Кралската Палата, Рибарската тврдина. Сместување во хотел АРЕНА 4* во близината на Арената Ласло Пап каде што се играат натпреварите. Ноќевање.
3 ден – 07 мај Будимпешта
Појадок. Слободно време за индивидуални активности до почетокот на натпреварите. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден – 08 мај Будимпешта – Скопје
Појадок. Слободно време за индивидуални активности до почеток на натпреварите. По завршувањето на натпреварот поаѓање за Македонија. Ноќно возење со попатни паузи за царински формалности и одмор. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 12.100.00 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус
- Туристички разглед на Будимпешта со локален водич
- Сместување во Hotel ARENA **** www.danubius-hotel-arena.h-rsv.com на база 2 НП
- Влезници за двата дена на натпреварите
- Организација на аранжманот и патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко осигурување
- Други трошоци кои не се наведени во аранжманот
Аранжман 2: Сместување Hotel Hungaria City Center****www.danubiushotels.com на база 2 НП и влезници за двата дена на натпреварите
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 9.650.00 денари
Информации и резервации: ТА ПИЛОТ ТРАВЕЛ, ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бб Скопје, тел. 02/3231446, 3298344