Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Утре ќе бидат пуштени во употреба дополнителен број на влезници за мечот со Веспрем
Утре ќе бидат пуштени во употреба дополнителен број на влезници за мечот со Веспрем

Утре ќе бидат пуштени во употреба дополнителен број на влезници за мечот со Веспрем

Утре со почеток од 10 часот пред билетарницата на спортскиот центар Јане Сандански ќе бидат пуштени дополнителен број на влезници, за саботниот натпревар против екипата на Веспрем во лигата на шампиони. Околу 200 билети, по цена од 350 и 450 денари ќе бидат во продажба, откако Унгарскиот шампион се откажал од половината нарачани влезници за натпреварот во Скопје. Кој нема набавено билет, тоа може да го стори во текот на утрешниот ден, а секако најбрзите ќе ја имаат шансата во живо да го проследат првиот чевртфинален меч во најголемото ракометно натпреварување.