Победа за ФК Вардар на денешниот натпревар против штипска Брегалница со резултат 2-1. Головите за Вардар ги постигнаа Асани и Стојков. На денешниот натпревар Седлоски се одлучи да го измени составот: 90. Гачевски, 6. Грнчаров, 8. Спировски, 11. Асани, 14. Велковски, 17. Стојков, 19. Хамбарџумјан, 21. Новак, 32. Глишиќ, 70. Фелипе, 99. Којашевиќ. Резерви беа: 28. Пачовски, 3. Попов, 16. Глигоров, 18. Ќеран, 20. Николов, 77. Брдаровски, 97. Петковски.
Натппреварот започна, Вардар ја имаше топката во свој посед во првите 15 минути од натпреварот, но не створи ниту една посериозна шанса за гол. Во 13 минута Хамбарџумјан прв биеше во рамките на голот, но млако по средината на голот на гостинот. Потоа Вардарци имаа и обиди преку Велковски и Којашевиќ но тоа беа далеку од посериозна шанса за гол. Во 37 минута Спировски изведе еден слободен удар, центрираше во голот на Брегалница, но Павлов ја избоскува таа топка. Во 43 минута Вардар ја имаше најголемата шанса за гол, Глишиќ одлично продре по страна, нафрли, го пронајде Хамбарџумјан кој биеше само во стативата. Во 44 минута Спировски одлично продре по страна, му ја сервираше топката на Асани кој погоди за 1:0. Во следната акција Вардар имаше шанса, а судијата не досучи чист пенал за Вардар, а во контра напад гостите биеа од 15-сетина метри, Гачевски направи кикс и им дозволи на гостите да израмнат на 1:1 за крај на првиот дел.
Во 46 минута се изврши првата замена кај нас. На местото на Дарко Велковски во игра влезе Драган Ќеран. Во 47 минута Којашевиќ имаше извонредна шанса да го постигне вториот гол денеска за Вардар, но биеше над голот на Павлов. Во 48 минута Стојков имаше уште поубава шанса, биеше од 12-сетина метри, но само во пречката. Во 56 минута Хамбарџумјан одлично влезе по страна, биеше но голманот на гостите уште еднаш одбрани и спречи радост за нашиот тим. Конечно дојде и голот. Во 62 минута Асани нафрли во шеснаесетникот на Брегалница Грнчаров биеше со глава топката голманот ја одби, тука се најде Стојков кој конечно погоди денеска за 2-1 за нашиот тим. Потоа во Вардар се изврши и втората замена, во 64 минута во игра влезе Петковски на местото на Асани стрелецот на првиот гол денеска. Во 79 минута се изврши и последната замена во Вардар, на местото на Стојков во игра влезе Бобан Николов. Во 84 минута удар на Ќеран но високо над гол. Нова закана овој пат од Фелипе но покрај голот, се играше 88 минута. Крај на натпреварот, три бода за ФК Вардар, остануваме лидери на табелата. Се надеваме на подобра игра во недела против Шкендија.