Денес на теренот на Алумина, се одигра реванш натпреварот од полуфиналето во купот на Македонија помеѓу младинците на фудбалскиот клуб Вардар и Работнички. Овој меч заврши со резултат 0-0 што ни донесе Куп финале по домашните 4-3 во првиот дуел. Тренерот Љупчо Марковски започна со следниве 11-сетмина: Трајчевски, Јошевски, Личина, Исмаил, Ричков, Димитровски, Додевски, Тасески, Апостоловски, Даци и Димков.
Натпреварот започна со испитување на силите на двете страни, првата полу прилика ја имаа домаќините, при акција од левата страна се направи простор за нафрлена топка во шеснаесетникот на Вардар, за среќа на Вардар оваа топка никој не ја закачи од играчите на Работнички. Во следните десет минути се играше без некоја поконкретна шанса, со израмнет посед на топката. Првата најголема шанса за отварање на резултатот ја имаше Виктор Димков кој ја погоди гредата од противничкиот гол. Се направи акција од левата страна, Вардарци нафрлија на топка наиде Димков кој од прва биеше, но сантиметри фалеа да заврши во голот. Веќе во следната минута во прилика за погодок се најде и Ердон Даци кој шутираше, но брани голманот на домашната екипа. Во наредниот период црвено-црните беа подобра екипа на теренот, но некако како да стивнаа шансите за погодок на двете страни. Работнички некаде во 35 минута ја имаше првата посериозна акција, откако поради невнимание во нашата одбрана се создаде прилика за противникот, кој биеше покрај голот на Трајчевски. Уште еден удар за Работнички кон нашиот гол, но безопасно за Вардаровиот чувар на мрежата. Првото полувреме заврши со почетниот резултат 0:0.
Во второто полувреме тргнавме офанзивно, прв Стефан Тасески се закани, со удар над голот на Работнички. Потоа следуваше голема борба на теренот од двете екипи, но резултатот беше сеуште непроменет. Црвено-црните се обидоа и преку Димков, кој шутира од некаде 20 метри, голманот на Работнички со крајни напори исфрла во корнер. Шансите пред голот на “Романтичарите„ се редеа како на филмска лента, најпрово Ердон Даци се обиде со удар, но успешно интервенира противничкиот голман. Потоа во шанса се најде и Апостоловски со глава по одличен центаршут од корнер. Во 80 минута бевме “близу до безната“ од како главниот судија покажа пенал за Работнички, но со одлична интервенција Трајчевски го спаси својот гол и го трасираше патот кон финалето од купот. До крајот поради конфликт по еден црвен картон добија еден играч на Работнички и нашиот Тасески. Вардарци рутинирано го доведоа мечот до крај, во кој беа далеку подобри противници и обезбедија пласман во големото финале од Купот на Македонија, затоа што овие 0-0 беа доволни за истото по победата дома со 4-3. Во финалето противник ни е младинската екипа на Академија Пандев со која викендов ќе одиграме клучен меч во првенството по кој што многу работи ќе бидат јасни околу шампионот во лигата.