Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на ФК Вардар се пласираа во големото Куп Финале, Дејан Маркоски повторно “егзекутор“ на кумановчани
Кадетите на ФК Вардар се пласираа во големото Куп Финале, Дејан Маркоски повторно “егзекутор“ на кумановчани

Кадетите на ФК Вардар се пласираа во големото Куп Финале, Дејан Маркоски повторно “егзекутор“ на кумановчани

Денеска е прекрасен ден за младите категории на фудбалскиот клуб Вардар. Денеска младинците обезбедија куп финале (види), а воедно истиот успех го постигнаа и  кадетите. Тие денес гостуваа во Куманово кај тимот на ФК Милано во реванш дуелот во рамки на 1/2 финалето од купот и победија со  0-2.
Црвено-црните избраници на Колев кои играат брилијантна фудбалска пролет, донесоа нова радост. Денес од првиот меч одигран во скопско Марино однесоа предност од еден гол од како на првиот дуел триумфираа со 1-0, со погодокот на капитенот Дејан Маркоски.  Истиот играч и денес повторно погодуваше во мрежата на Милано овој пат два пати.  Вардарците не дојдоа во Куманово да ги бранат скопските 1-0, тие тргнаа уште во првото полувреме да го решат дуелот во своја корист. По голема борба и серија шанси капитенот Дејан Маркоски погоди за 1-0, резултат што се покажа како конечен по првиот дел. Во вториот период повторно атакувавме на погодок и повторно истиот играч беше таличен за Милано, Маркоски го постави конечниот резулат 0-2. Во големото Куп финале кадетите како и младинците ќе се сретнат со Академија Пандев која денес го исфрли Работнички на гости. Со истата екипа не очекува и викендов дуел во првенството кој е значаен во нашата борба за титулата во оваа конкуренција. Шефот на стручниот штаб Влатко Колев кој реди успеси оваа фудбалска пролет со нашите кадети во Куманово истрча на теренот со овој почетен состав:
Зибери, Џуклески, Тодоров, Јорданоски, Серафимов, Наскоски, Стојчевски, Маркоски, Трајчевски, Стоименов Менкиноски