Денес на теренот на Алумина се одигра реванш натпреварот од полуфиналето на купот, помеѓу младинците на ФК Вардар и Работнички. Овој дуел заврши со почетниот резултат 0:0, но поради триумфот (4:3) остварен на првиот натпревар, Вардар се пласираше во големото финале, каде ќе се бори за трофејот од ова натпреварување. Денешниот меч донесе многу возбудувања, црвено-црните имаа повеќе шанси и посед на топката, но Работнички беше најблиску до отварање на резултатот. Сепак нашиот херој, Филип Трајчевски на десет минути пред крајот одбрани удар од белата точка на противникот и така го внесе својот тим во големото финале, каде ќе ги чека екипата на А. Пандев. Ние како медиум бевме присутни на денешниот натпревар и ви ја пренесуваме нашата фотогалерија.
