Трите екипи на ракометниот клуб Вардар ќе се борат за пласман на завршниот турнир на најдобрите четири екипи од купот на Македонија.
РК Вардар по настапите во лигата на шампиони и супер лигата, ги очекува натпревари од чевртфиналната група во купот, каде уште се наоѓаат екипите на Работнички, Металург 2 и Македонија Ѓ.П. Само еден ден одмор ќе имаат избраниците на Раул Гонзалес, после натпреварот со Веспрем во ЛШ. Во понеделник од 11:00 часот во спортскиот центар Јане Сандански ќе се сретнеме со екипата на Работнички. Во другиот полуфинален дуел ќе се сретнат Македонија Ѓ.П и Металург 2. Црвено-црните не би требало да имаат поголеми проблеми во овие натпревари, на кои се големи фаворити.
РК Вардар Јуниор ќе има “потешка“ задача да биде првопласиран во својата чевртфинална група, на која е домаќин во спортскиот ракометен центар Кале. Избраниците на Пепи Манасков за противник ќе ја имаат екипата на Макс Струмица. Овој меч ќе се одигра во сабота со почеток од 13:30 часот. Доколку успееме да победиме во истиот ден од 19 часот, ќе играме со победникот од мечот Пелистер- Младост.
Младиот тим на Стојан Петрушевски, екипата на РК Вардар 2 како дебитант во купот ќе има голем предизвик во својата група, чиј домаќин ќе биде градот Охрид. За противници имаме екипи, кои оваа сезона се натпреваруваат во супер-лигата. Во сабота со почеток од 17 часот ќе се сретнеме со екипата на Прилеп. Евентуален триммф, би ни донел натпревар со победникот од Мечот Охрид-Тинекс Пролет.