Според проценката на експертите во однос на шансите за пласман помеѓу четирите најдобри на стариот континент на нашиот црвено-црн колектив му припадна шестото место од осумте екипи кои играат во 1/4 финалето од ЕХФ Лигата на шампионите. Нашиот шампион ќе се обиде од овој трет последователн обид да се пласира на Ф-4 во Германија. Отежнителна околност за нас е играме за пласман во ф-4 со најдобрата европска екипа во моментот – Веспрем, која имаше одличен 1/8 финален дуел во кој дури двапати победија унгарците.
ЕХФ Рангирање е следно :
1. Веспрем
2. ПСЖ
3. Барселона
4. Фленсбург
5. Кјелце
6. Вардар
7. Кил
8. ППД Загреб