Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > АТЛЕТИКА! Вардарецот Ивановски викендов настапи на 29-тиот “Белградски полумаратон“

АТЛЕТИКА! Вардарецот Ивановски викендов настапи на 29-тиот “Белградски полумаратон“

marko1

Изминатиот викендов  кај нашиот северен сосед Република Србија  се одржи 29-тата манифестација “Белградски маратон“ .  На  ова атлетска манифестација  имааше  трка на 5 км (трка на задоволство), потоа полумаратон со должина од 21,1 километар и маратонска трка со должина од 42,195 километри. На полумаратонот настапи атлетичарот од нашиот АК Вардар, Ивановски Марко.

Ивановски на 21 километарскта трка оствари време од 1,30,04, што е солидно истрчано ако се знае како што ви најавивме и пред трката дека тој истата ќе ја трча со повреда. Нашиот атлетски лав се избори со болката и финишираше на овој 29-ти “Белградски маратон“.  Марко има одличен старт ова сезона  за него ова е четврта трка на која се појавува оваа 2016 година. Предпоследниот настап му беше на полумаратонската трка “Трчаме кон целта“ каде во склоп на оваа трка се одржа и државното првенство во полумаратон каде Марко  се пласираше на 10 позиција односно беше 8 меѓу Македонците. Претходно забележа настап и на   Национално првенство кое се одржа во  Скопје тогаш Ивановски истрча повеќе од солидно време 35:54, и се пласираше на високото 5 место во сениорска конкуренција. Таленираниот вардарец забележа  настап  оваа сезона и на полумаратонот во Барселона (Mitja Marato de Barcelona) , патеката од 21.097 метри ја истрча со време од 1:20;39. Ова време за Вардарецот  беше повеќе од одличен пласман, тој се позиционираше на на 352 место од дури 10.034 учесници во машка конкуренција. Ивановски продолжува со атакот и во иднина на нови резулати на патеките каде што ќе се појавува, се надеваме неговите повреди конечно ќе бидат минато.